Tuesday, September 20, 2016

Земјата — една од осумте планети во Сончевиот систем. Таа е трета земја по оддалеченост од Сонцето и најголема планета со цврста површина, за разлика од гасовитите „џинови”. Планетата земја има еден природен сателит, Месечината, и засега е единствената позната планета на која има живот. Во геологијата преовладува мислењето дека земјата е стара околу 4,6 милијарди години, што е потврдено со одредувањето на времето на полураспаѓање на ураниумот и ториумот. Времето на полураспаѓање на U238 е 4,51 x 109 , а Th232 е 1,39 x 1010 години.[1]
Земјата има и магнетно поле кое, заедно со атмосферата, ја штити од зрачење (штетно по живите суштества кои ја населуваат земјата). Атмосферата, исто така служи и како штит за одбивање на помалите метеори, кои поминувајќи низ неa согоруваат пред да стигнат до земјената површина.
Единствениот познат сателит на земјата, Месечината, почнала да кружи околу земјата пред 4,53 милијарди години. Денес, земјата прави круг околу сонцето на секои 366,26 кругови кои ги направила околу својата оска (што е еднакво на бројката од 365,26 сончеви денови). Земјината оска се наоѓа под агол од 23,5°[2] што е последица за менувањето на годишните времиња на Земјината површина.